10 едноставни начини да си ја разбудите желбата за секс

Стрес, депресија, ниска самодоверба, презафатеност, преумореност, отсуство на комуникација, хормони... Постојат најразлични причини за намалување на желбата за секс кај жените, а таквите убијци на либидото всушност уништуваат и важен дел од интимната врска со партнерот.

Жените почесто се судираат намалена желба за секс, затоа што кај нив потешко се интензивира сексуалната возбуда. Милиони жени се принудуваат да имаат секс со партнерот само поради обврска, а не затоа што го сакат и уживаат во тоа. Но, тоа не треба да нè наведува на мислата дека жените имаат нешто против сексот и дека го избегнуваат. Напротив, најголем дел копнеат да сакаат да имаат секс, но поради X причини страдаат од намалено либидо.

Не е воопшто чудно што една од најактуелните теми кои ги разработуваат експертите е токму темата за зголемување на желбата за секс конкретно кај жените. Експертите препорачуваат водење на здрав живот, зголемување на физичката активност, како и елиминирање на евентуалните здравствени проблеми кои би можеле да создадат пречки во сексуалниот живот. Еве дел од нивните поедноставни и проверени совети за зголемување на либидото:

Прегрнете го партнерот и останете во неговата прегратка барем половина минута. Кога се прегрнувате, во вашето тело се создава окситоцин, нарекуван уште и хормон на љубовта, кој ја зголемува довербата и поврзаноста помеѓу вас, исто како и желбата за секс. Додека го прегрнувате вашиот партнер, доближете го носот до неговиот врат и дишете длабоко. Поради биолошки причини, мирисот на неговото тело може да ви дејствува како афродизијак.

Набљудувајте го вашиот сопруг додека е во улогата на татко. Експертите тврдат дека жените се позаинтересирани за секс откако ќе го видат својот партнер како поминува квалитетно време со децата. Со самото тоа што ќе си потврдите дека тој е добар татко, вам уште повеќе ќе ви се зголеми желбата да бидете со него на сексуален начин, бидејќи во природата на жената е да сака да има потомци со партнер за кого е сигурна дека ќе се справи одлично со улогата на татко.

Изгледајте секси филм. Разбудете ја вашата желба за секс со визуелни стимули. Започнете ја вечерта со филм кој ќе ви ја раздвижи крвта. Не, не мора да е тоа филм со порнографска содржина. Изберете полесна еротика како незаборавните филмови „9 1/2 Weeks“ или „Basic Instinct“.

Читајте еротски роман. Издвојте си време само за себе и прочитајте десетина страници од роман со еротска содржина и нема да можете да ја дочекате средбата со партнерот. Ако не се чувствувате доволно комфорно за да читате еротски роман, обидете се да го постигнете истиот ефект со романтичен роман. Описот на романтичните сцени ќе ве инспирира да сакате да ги пресоздадете. Секси идеја: читајте извадоци од секси роман наглас пред вашиот партнер. Можеби на почетокот ќе ви изгледа смешно, но набрзо смеата ќе стивне и ќе се развиори страста.

Применете го правилото на 10-минутна проба. Немате ниту грам желба да се поврзете сексуално со вашиот партнер? Не го одбивајте веднаш. Дајте си 10 минути да си ја зголемите возбудата. Започнете со прегратки и бакнежи и дозволете им на сексуалните мисли да се развијат. Не заборавајте дека будењето на сексуалната желба е исто како јадењето десерт по обилен оброк. На почетокот си велите „не сакам“, но потоа каснувате еден залак и сфаќате колку многу посакувате да го изедите целото парче.

Разменете си сексуални фантазии. Легнете в кревет и започнете да си раскажувате еден на друг сексуални фантазии. Доколку ви е непријатно да започнете, можете да кажете дека сте сонувале нешто возбудливо и дека сакате да му го раскажете сонот. Детално опишете го местото, секој потег, секое чувство од вашата фантазија. Потоа, побарајте од него да ви раскаже негов „сон“. Жешкиот секс е гарантиран.

Поиграјте жешка игра. Поставете едно единствено правило: сè е дозволено, но само на горниот дел од телото, над папокот. Играта, којшто всушност е жешка предигра, нека трае 15 минути. Наместете аларм на мобилниот телефон за да го означи крајот на играта, а со тоа и почетокот на вашата главна сексуална авантура.

Почувствувајте се секси. Ако не се чувствувате секси, нема да посакувате да имате секс. Секоја жена си има свои методи преку кои може да се почувствува како секси божица. Идеи? Направете си интимна фризура или искористете го сексапилниот ефект на бразилската депилација; соблечете се голи, легнете врз чисти чаршафи, затворете ги очите и релаксирајте се; купете си сексапилна долна облека; облечете си бела тесна памучна маичка без градник и појавете се пред вашиот сакан – неговиот поглед ќе направи да се чувствувате најпосакувани.

Намалете ги обврските за втората половина од денот. Понекогаш е невозможно да си ослободите повеќе време и да ги редуцирате обврските, но ако планирате жешка вечер, задолжително намалете ги задачите кои си ги оставате за втората половина од денот. Најчестата причина поради која жените одбиваат секс е заморот. Само ако сте одморени ќе имате желба за секси активности зад затворени врати. Не сте доволно наспани? Искористете ја моќта на дремката и легнете да поспиете дваесетина минути за да се чувствувате свежи и енергични.

Фантазирајте си во текот на целиот ден. Додека чекате да ви се направи утринското кафе или додека чекате на семафор, искористете го времето за блиц фантазии со отворени очи. Присетете се колку добро сте се чувствувале за време на последната сексуална средба со партнерот или фантазирајте си како сакате да ви помине наредната жешка ноќ. Малку по малку ќе ја храните сексуалната возбуда и вечерта таа ќе ве однесе директно во рацете на саканиот. Не заборавајте дека желбата за секс во голема мера се диктира од мозокот и од вашиот начин на размислување.