10 денари за чашка лимонада, Владимир и Никола се нашите херои

Владимир и Никола се дечињата кои се нашите херои за денес. Тие деновиве секојдневно се наоѓаат на улицата „Тоше Проески“ во Аеродром, а таму на минувачите им нудат свежо приготвена лимонада за само 10 денари. И замислете, не прифаќаат ниту денар повеќе и лимонадата ја служат во пластични чашки кои задолжително мора да ги фрлите во корпа во отпадоци.

Оваа интересна приказна во фејсбук групата „Стари Скопјани“ ја раскажа Даниела Јовчева. Дечињата собраа повеќе од 300 лајкови и многу позитивни коментар и ние денес креваме палце за оваа интересна идеја. 

на детската улица Тоше Проески ме освежија со цедевита Владимир и Никола 10 денари да се освежите госпоѓо не земаат...

Posted by Daniela Jovceva on Wednesday, September 18, 2019