10 дена бесплатен филмски маратон во џебното кино на МКЦ

Од денеска почна целодневен филмски маратон (Синемаратон) во Џебното кино на Младинскиот културен центар. Маратонот почна претпладнево со каубојскиот „Рио Браво“ (1959). Проекциите ќе бидат од 9 наутро до 3 часот по полноќ или вкупно 240 часа филм.

Ќе бидат прикажувани по седум филмови дневно, а секој од десетте дена е посветен на одреден жанр или тематска целина: вестерни, драми романси, крими-трилери, фантастика, еротика, контроверзни, арт, акција, хорори и комедии.