Зошто жените не умеат да прифаќаат комплименти?

Кога последен пат на комплимент сте одговориле со едно едноставно „Благодарам“? Жените изгледа како постојано да се правдаат за својот убав изглед или за нешто што добро направиле, за некој свој успех. Се шегуваат на своја сметка, си ја смалуваат вредноста... Зошто? Одговорот лежи подлабоко отколку што сме мислеле и има корени во самото општество, па дури и во еволутивната биологија.

Направени се многу истражувања на оваа тема. Само 22% од комплиментите кои жените си ги даваат една на друга се прифаќаат. Ако препоставуваме дека жените едноставно не умеат да прифатат комплименти, да го додадеме тоа дека сепак прифаќаат 40% од комплиментите.

Кога се вели прифаќање комплименти, се мисли на одговорот: „Благодарам“ по комплиментот.

Одбивање на комплиментите нема врска ни со самодовербата или самопочитта. Жени кои имаат самодоверба можат да одбијат комплименти за да делуваат скромно. А таа скромност, сеприсутен културен виновник кој стои позади опресијата на општеството да одгледува срамежлива, покорна и прилагодлива жена, изгледа дека е всадена во поголемиот број девојчиња.

Жените најчесто од своите мајки учат да бидат добри и покорни жени и така ја добиваат првата лекција: „Сокриј го своето право на себе за да им угодиш на другите.“

Жените кои имаат мала самодоверба, ги одбиваат комплиментите затоа што сите тие позитивни надворешни сигнали не одговараат со нивното сопствено внатрешно гледање на нив. Ова однесување не зачудува, затоа што каде и да погледнете, жените се под притисок да ги задоволат невозможните стандарди за убавина. Многу бизнис планови на компаниите кои се занимаваат со убавина, зависат од тоа колку жените се чувствуваат лошо во врска со својот изглед.

Психолозите велат дека еволутивната биологија може да одговори на прашањето: Зошто женските односи се толку комплицирани? Одговорот воопшто не е комплициран: кога мажот влегува во равенката, маските паѓаат и повеќе нема ракавици. Постои дури и физичка манифестација на ова натпреварување. Едно истражување вели дека женскиот тестостерон (хормонот поврзан со агресијата и натпреверувачкиот дух) се зголемува кога ќе помирисаат маица на жена која овулира. Едноставно, кога се чувствуваат загрозено, жените од мирољубиви суштества се претвораат во суштества подготвени за напад.

Каква врска има ова однесување со тоа што жените не знаат да прифаќаат комплименти? Психолозите тоа го објаснуваат на следниот начин: Замислите да поделите некој комплимент на прекрасна жена и таа ви кажува едно елегантно „Благодарам“. На некое несвесно ниво, каде постои некој замислен натпревар и споредување, тоа значи дека таа признала дека е привлечна и тоа понатаму води кон љубомора. Ако го одбие комплиментот, тоа значи дека можеби и не знае колку е привлечна, а тоа може вас да ве направи помалку непријателски настроени.