Зошто желбите не се исполнуваат?

Кога посакувате нешто, тоа нека не биде рано наутро...
Небото тогаш е зафатено со зората и изгревање на сонцето.
Напладне? Никако напладне!
Сонцето тогаш е најсилно, небото сака да плаче поради жешкото и нашите желби не му се приоритет.

А навечер, никако немојте да замислувате желби, затоа што Месечината тогаш си игра со небото, има многу сенко и сѐ е некако лажливо.
Срцето нека ти биде претпазливо, навечер желбите се нереални, а небото го знае тоа и навечер ништо не сфаќа сериозно.

Знам што ќе кажете: Па кога тогаш да посакуваме?

Само во соништата.
Таму каде времето не се мери во денови.
Таму каде не постојат ноќи.
Таму каде желбите никнуваат како печурки после дожд.
И небото тогаш полесно ќе дише, небесните врати се отвораат и сите желби полесно се остваруваат.

Ако не ми верувате, не морате. Јас лично пробав сѐ. Многу желби ми се остварија и уште многу желби чекаат на ред, затоа што мојата душа живее во соништата и никогаш не престанува да сонува и посакува...