Зошто врските се покомплицирани за независни луѓе?

Дали знаевте дека колку повеќе сте независни како поединец, толку е потешко за вас да бидете во долговечна врска? Тоа е тажно, но е вистинито.

Најверојатно има многу причини поради кои ова се случува, но се претпоставува дека независните луѓе толку се навикнати сами да се справуваат со се, што за нив влегување во врска е излегување од комфорната зона, што може да биде исклучително тешко.

Во продожение прочитајте 6 причини поради кои врските се комплицирани и тешки за независните луѓе.

Тие повеќе сакаат да бидат сами отколку со погрешната личност

Тие знаат дека е подобро да бидат сами отколку да се врзат со некого само поради страв. Затоа и најчесто премногу анализираат околу тоа каква треба да биде вистинската личност за нив. За нив е потребно многу време за да донесат одлука дали треба да бидат со некого или не.

Тие се посомничави

Кога размислувате и премногу анализирате, голема е веројатноста дека ќе почнете да размислувате негативно. Понекогаш, интелигентните луѓе ги полнат своите умови со несигурности. Тие не можат лесно да бидат измамени, но тоа е затоа што тие се плашат да бидат измамени. Тие се премногу внимателни кога бираат партнер(ка), па дури и пријатели и затоа обично долго време се сами. Се разбира дека не треба човек да биде премногу наивен, но и преголемата сомничавост може да биде проблематична.

Тие обожаваат да патуваат сами

Патувањето во двојка може да биде стресно и некои луѓе сакаат да патуваат сами. Ако парот е составен од двајца независни луѓе, тогаш би ги обожавале можностите да патувате сами. Ќе ви даде можност да ги наполните батериите и вие и вашиот партнер ќе имате прилика да си недостасувате и да зборувате за многу работи кога ќе се вратите.

Тие не ја наоѓаат својата среќа во работите кои им доаѓаат лесно

Независните луѓе ја наоѓаат својата среќа во посветеноста на работи со кои можат да се развиваат. Додека ова делува како позитивен став, може да им се одбие од глава кога станува збор за љубовта. Врската функционира кога сакате да се вложите во неа и кога има тешки периоди, а не да ја изберете само затоа што е комплицирана.

Тие обично привлекуваат луѓе на кои им е потребно внимание

Независните луѓе обично привлекуваат луѓе на кои им е потребно внимание, затоа што тие се инспиративни и навистина им помагаат. Независните луѓе имаат неверојатна аура на самодоверба околу нив и затоа послабите луѓе се привлечени од нив. Сосема е во ред да им се помага на луѓето за да ги надминат своите проблеми, да ја поддржувате и поттикнувате другата страна, се додека сакате да го правите тоа. 

Тие ја преценуваат својата способност да ги променат другите

Независната личност им дава шанси на поединци кои другите би ги отпишале. Тие им даваат шанса затоа што мислат дека ќе ги променат, но на крајот ова е фрустрирачки и за двете страни, затоа што само затоа што некој е силен, не значи и дека е добар животен инструктор.