Зошто вежбањето нè направи попаметни?

Во што се крие моќта на вежбањето да нè направи попаметни?

Во Америка е спроведено истражување во кое биле вклучени повеќе од 100 физички неактивни возрасни (дел од нив со прекумерна тежина) кои во рамки на 4 месеци биле подложни на напорни тренинзи. Учесниците во истражувањето минале низ серија биолошки, физиолошки и когнитивни тестови пред програмата. Според резултатите од истражувањето, по 4 месеци, нивната способност за размислување и паметење, но и за донесување одлуки била подобрена.

Но, зошто? Во што се крие моќта на вежбањето да нè направи попаметни?

Тоа е така бидејќи крвотокот кон нашиот мозок се зголемува кога вежбаме.

За што ни помага физичката активност?

 - ја  подобрува нашата меморија

 - го подобрува учењето и умствените перформанси

 - помага во спречувањето на деменцијата, Алцхајмеровата болест и стареењето на мозокот

 - го редуцира дисбалансот во мозочните клетки и губењето на координацијата, што е поврзано со Паркинсовата болест

 - ги регенрира нервните клетки

 - ги намалува анксиозноста и стресот кај  пациентите кои страдаат од психијатриски пореметувања

 - физичката активност е особено важна за развојот на мозокот кај младите луѓе

 - физичката активност придонесува за повисока интелигенција и подобри академски резултати

 - само 10 минутно вежбање во текот на денот значително придонесува за подобрување на концентрацијата и вниманието

  - ги намалува симптомите на хиперактивност кај децата