Зошто толку многу нѐ фасцинира трагичноста на љубовта?

Она со кое највеќе се занимаваме е размислување за работите и личностите кои ги немаме. Кога конечно ќе ја добиеме личноста која ни се допаѓа, по неколку месеци почнуваме да ја критикуваме затоа што почнуваме да ги гледаме мааните.

За да не ја запознаеме таа вистина, ја издигнавме митската трагичност на врските, затоа што кога ќе се случи трагедијата, имаме чувство дека сме можеле толку многу да сакаме, но надворешната судбина застанала меѓу нас и така не сме успеале да ја споделиме љубовта со саканата личност.

Трагедијата е она што нѐ фасцинира во љубовта. Таа дури е и поважна од самата љубов затоа што дава слаткост или сол во животот. Човекот опсесивно е опиен од неа, затоа што добива на важност поради тоа што не се чувствува ништожно. Подобро е да ја чувствува трагедијата отколку ништожноста. Не само поради тоа што трагедијата ни го дава она митското и јуначкото, таа ни дава чувство како да сме биле на воено поле и дека сме учествувале во нешто големо и важно.

Трагичниот јунак во антиката го имал тоа митско значење на несреќната судбина. Христијанството го има претворено јунакот во митско свето битие. Трагедијата се издигнува како херојска жртва, а ја маргинализира љубовта. Пишувањето и зборувањето за љубовта од митски и трагичен аспект е прифатено, затоа што некому да кажете дека го сакате и дека немате проблеми во љубовта, тоа значи дека нешто не е во ред, затоа што не се мачите и не ја доживувате драматичноста на јунаштвото. Кога подобро ќе ги погледнеме таквите љубови, гледаме дека тоа е заљубеност во митот и дека многу парови воопшто не ги познаваат, ниту пак сакаат да се запознаат со овие содржини кои подоцна се главните причини за раскинувањето.

Ова воздигнување на митското е совршена замена за секојдневните односи и запознавање на партнерот. Затоа денес на луѓето им е полесно да запознаат некој надвор од врската, за повторно да можат да го преживеат митското и така на совршен начин се избегнува средбата со врската и реалното запознавање на партнерот.

Ако веќе посакуваме да живееме во бајка, тогаш добро е да се разбере дека во сите бајки постои вештерка и дека некој мора да ја победи. Како тогаш да бидеме во врска, а да го игнорираме фактот дека треба да го решиме проблемот кој постои пред нас, со цел да продолжиме да ја развиваме врската.

Убаво е да се влегува во митски приказни, но уште поубаво е да се спознаваме преку вистинско партнерство.

cheap nike air max 90