Зошто толку многу ни е потребен магнезиум?

Магнезиумот е еден од основните  елементи кои се потребни  за правилно функционирање на организмот. Но, вашето тело не може да го произведе . Поради тоа се препорачува да се јаде храна богата со магнезиум или да се  надомести недостатокот со соодветни суплементи.

ПОМАГА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ЕНЕРГИЈАТА

Магнезиумот креира енергија во вашето тело преку активирање на аденозин трифосфат-от. Истиот помага за регулирање на нивото на енергијата низ  телото.

ГИ СМИРУВА НЕРВИТЕ

Магнезиумот е од витално значење за функцијата на ГАБА, што е инхибиторен невротрансмитер кој го произведува хормонот на среќа – серотонин.

Хормоните кои се регулирани од магнезиумот се клучни за смирување  на нервите во мозокот и промовирање на релаксација.

ПОМАГА ДА ЗАСПИЕТЕ И ДА СЕ СПРАВИТЕ СО НЕСОНИЦА

Суплементот магнезиум ги смирува разбрануваните мисли, ги релаксира мускулите, го регулира отчукувањето на срцето, прави да се чувствувате одморено во ноќта додека спиете.

ЈА ПОМАГА ДИГЕСТИЈАТА

Магнезиумот ги опушта мускулите меѓу дигестивниот тракт, вклучувајќи го и интестиналниот ѕид. Освен тоа ги неутрализира стомачните киселини и го помага спроведувањето на храната низ цревата.

ОСЛОБОДУВА ОД БОЛКИ ВО МУСКУЛИТЕ И ГРЧ

Магнезиумот игра важна улога кај невромускуларните сигнали и мускулните контракции. Кога мускулите не го добиле потребното количество магнезиум, тогаш  доаѓа до грч. Тој е одговорен за контракции на мускулите и ви помага да се движите наоколу.

ГО РЕГУЛИРА НИВОТО НА КАЛЦИУМ И КАЛИУМ

Магнезиумот игра голема улога во активно  транспортирање на  јоните на калциумот и калиумот низ мембраните на ќелиите, што помага при спроведување на нервните импулси, мускулни контракции и нормално чукање на срцето. Магнезиумот, заедно калциумот придонесуваат за структурален развој на коските, а освен тоа потребни се при синтеза за ДНК и РНК.

ВАЖЕН ЗА ЗДРАВЈЕТО НА СРЦЕТО

ПРЕВЕНИРА МИГРЕНА И ГЛАВОБОЛКА

Бидејќи магнезиумот е инволвиран во функцијата на невротрансмитерите и циркулацијата на крвта, тој помага да се контролира и смири главоболката со ослободување на  хормонот за намалување на болка. Исто така делува позитивно кога доаѓа до стеснување на крвните садови кои се одговорни за покачен крвен притисок.

ПРЕВЕНИРА ОСТЕОПОРОЗА

Веруваме ве интересира која храна е богата со магнезиум. Се разбира ја има во огромни количини. Погледнете:

  • Спанаќ
  • Блитва
  • Семки од тиква
  • Јогурт или кефир
  • Бадеми
  • Авокадо
  • Црн грав
  • Смокви
  • Темно чоколадо
  • Банани