Зошто текстилниот и кожарскиот сектор останува без работници?

Традиоционалните индустриски гранки остануваат без работници. Според статистика, паѓа бројот на работниците во текстилниот, кожарскиот сектор, во  дрвната, металната индустрија односно во оние дејсноти во кои во минатото имаше најмногу вработени.

На што се должи слабиот интерес за овие гранки, ниските плати или негрижата на државата за дејностите кои некогаш ја двиежа економијата.

Влијание на слабиот интерес за овие дејности имаат и ниските плати. Најголем дел од работниците во традиоционалните индустриски гранки работат за минимална плата од 200 евра. Експертите велат дека државата треба да помогне со мерки за зголемување на платите, но најважно е да се реформира образовниот систем кој ќе креира квалификувани работници.

Странските инвеститори од зоните се жалат дека токму неквалификуваниот кадар им е главен проблем. Имаат потреба од работници, но на пазарот на труд нема обучени лица туку вложуваат дополнителни средства за нивни обуки. Инаку, токму зоните се местата каде што има и најголем раст на бројот на вработени. Статистиката покажува дека двоцифрен раст има во дејностите производствто на електрична опрема, машини и моторни возила.