Луѓето родени во периодот меѓу 22 ноември и 5 декември се родени во хороскопскиот знак Стрелец.  Природниот инстинкт на родените во овој знак е силен и тие се карактеризираат со голема мудрост.

Стрелците имаат големо влијание на животите на оние околу нив. Тие се одлични пријатели и уште подобри романтични партнери. Животот не е никогаш досаден со нив, бидејќи се еден од најактивните знаци.

Зошто Стрелците се најдобри партнери?

Тие се авантуристи

Бидејќи постојано трагаат по возбуда, тие имаат огромна моќ да ви го разубават животот. Со нив, секој момент е авантура. Имаат бескрајна енергија и многу ретко ќе ги видите како се излежуваат, велејќи ви дека им е досадно. Ги мотивираат луѓето околу нив да тргнат кон авантура и да уживаат во животот.

Тие се љубезни и емпатични

Имаат добро срце и ги разбираат другите луѓе. Многу се лојални и посветени за тие кои ги сакаат, но и генерално за сите околу нив. Не бараат противуслуга и нивната љубезност е безвременска.  Секогаш ќе бидат тука за вас, без оглед на сè.

Искрени се

Кажуваат што мислат, а нивната интелектуална природа им помага да ги срочат убаво мислите. Сигурни се во себе и во тоа што го кажуваат и  не веруваат во засладување на вистината. Ако ја сакате вистината, тие ќе ви ја дадат.

Тие се непоправливи оптимисти

Оптимизмот им помага да ја видат чашата полуполна. Тоа им помага да имаат позитивен пристап кон животот и да освојуваат многу нешта. Кога сте во врска со нив, тие секогаш ќе ви помогнат да ја видите убавата страна на животот.

Неуморни се

Ја сакаат авантурата и се одлични другари за патување. Ја обожаваат својата слобода и лесно се адаптираат на различни култури и ситуации. Ги сакаат новите искуства и сакаат нови нешта. Постојано сакаат да бидат интелектуално стимулирани во животот, а ако тоа не се случува им станува досадно.

Имаат милион интереси

Поради нивната природа, тие имаат многу различни интереси и никогаш не се здодевни како партнер покрај вас. Ќе ве научат на многу нешта и ќе ви покажат нешта за коишто не сте ни знаеле дека постојат.