Зошто сѐ уште не се откажувам од тебе?

Кога првпат се запознавме, знаев дека ова нашево ќе биде невидена авантура и патување.
Знаев дека ќе биде долго, комплицирано и хаотично.
И дека ќе вреди.
Знам како е луѓето да влегуваат и излегуваат од мојот живот.
Не можеш против тоа. Понекогаш се држиме за тоа, затоа што не знаеме поинаку, а понекогаш се држиме затоа што длабоко во нас знаеме дека сме ја пронашле вистинската личност.
Ти си делчето кое недостасува во мојата сложувалка, ти ги пополнуваш сите мои празнини.
Јас нема да се откажам од тоа, дури и кога сите околу мене ми велат дека треба да го направам тоа. Тие не те знаат онака како што те знам јас и тие не ја почувствувале љубовта, среќата и задоволството кое ми го даваш.
И тие не мораат да го разберат тоа, затоа што јас го разбирам тоа.
Ти си мојот најдобар другар, ти си до мене кога сум повредена, слаба и поразена.
Кога ќе се свртам, ти си секогаш тука.
Затоа сакам да знаеш дека кога ќе дојде времето и кога и двајцата ќе бидеме на иста бранова должина, јас ќе те сакам исто толку колку што те сакав кога почнавме.
Со се што имам и уште повеќе од тоа.
Тука сум само за да ти кажам дека никогаш нема да се откажам од оваа голема, огромна љубов која ја делиме.
Запомни го тоа.