Зошто секое утро треба да пиете чаша вода?

Веројатно веќе многу пати сте слушнале дека треба да го зголемите внесот на вода. Водата е клучна за нашето здравје и за многу процеси во нашиот организам.

Но, зошто е важно пиењето вода, наутро на празен желудник?

Кога пиете вода на празен желудник, така ја поттикнувате елиминацијата на токсини во телото. Водата ги ублажува воспаленијата и системот на варење и на тој начин ги спречува настинките, како и тврдата столица.

Хидратација 

Ако не сте пиеле вода цела ноќ, тоа значи дека на вашето тело му е потребна вода и првата чаша вода наутро ќе го хидрира вашето тело.

Слабеење

Некои истражувања покажуваат дека адекватниот внес на вода го поттикнува слабеењето и го олеснува задржувањето на здрава телесна тежина.

Го регулира функционирањето на клетките

Повеќе од половина од нашето тело е составено од вода. За да функционираат добро клетките, треба да имаат соодветна количина вода. Одличен пример за тоа се спортистите, за спортска издржливост мораат да внесат соодветна количина вода.

Ги подобрува когнитивните функции

Водата игра важна улога во регулирање на работата на мозокот. Едно истражување покажува дека луѓето кои не пијат доволно вода во текот на денот, имаат слаба концентрација, фокус и паметење.