Зошто се потребни врски за да ги запишеме децата во градинка?

Една интересна, но и иритирачка тема која што е актулена деновиве е дека нема место во градинките и дека и за таму, како и секаде на друго место ти требаат силни врски. Ако немаш доволно врски, твоето дете ќе седи дома.

Уште не си проодел, не ти излегол ниту прв заб, а веќе имаш врски за во градинка, да ти чуваат учителките место. Не е важно што во градинка ќе тргнеш после неколку месеци или години, тебе ти требаат врски сега за да ти обезбедат место.

Родителите велат дека полесно би го запишале своето дете на факултет отколку во градинка.

Иако постојано се градат и отвараат нови градинки, дури и во руралните средини, сепак се уште нема место за сите деца.

“Фаќање врски” за поправање на оценки, врски за запишување во средно или на факултете, а сега и фаќање врски за децата да можат да се запишат во градинка.

За децата кои се згрижени во државните градинки најчесто се грижат по две вработени, воспитувачка и негувателка. Најчесто една воспитувачка е одговорна за 20 до 30 дечиња, додека родителите сметаат дека оптималниот реципроцитет треба да биде една воспитувачка да се грижи најмногу за пет дечиња.

Најголемиот дел од нив ги праќаат своите дечиња во државна градинка - 95 отсто. Од вкупниот број анкетирани, 3,5 отсто одговориле дека нивните деца одат во прватна градинка, 2 отсто се грижат дома за своите деца, додека 0,5 отсто од испитаниците плаќаат лице за го чува нивното дете. Своето дете по редовна процедура го запишале 42 отсто од анкетираните, додека 39.9 отсто „фаќале врски“ за да го сторат тоа. Една година однапред морале да обезбедат место 84 родители, односно 21,1 отсто од оспитаниците.