Зошто се чувствуваме поенергични и посреќни во текот на летото?

Најголем дел од луѓето го сакаат летото. Деновите се долги и светли. Без оглед на тоа во кој дел од светот се наоѓаме, се чини како летото да е годишното време на среќата.

Зошто?

Сончевата светлина ја лечи депресијата

Кратките темни денови и студот придонесуваат за нервоза, стрес и поголема депресија во текот на зимата. Таквите состојби се за пати почести кај жените. Од друга страна пак, сонцето во текот на летото придонесува нашето тело да лачи серотонин- хормонот на среќата. Не само тоа, самото будење со сончевите зраци придонесува за подобро расположение.

Јадеме повеќе овошје и зеленчук

Многу значаен фактор се здравите состојки. Често истакнуваме како храната влијае на нашето расположение,а  храната која ја конзумираме во текот на летото е дока за тоа. Овошјето и зеленчукот се богати со витамини и минерали кои го подобруваат имунолошкиот систем, работата на мозокот, но и расположението.

Подобро спиеме

Освен топлите, многу жешки денови кои не мачат, во текот на летото нашето тело лачи повеќе мелатонин што ни овозможува подобар сон во текот на летото.

Витамин Д-витаминот на сонцето

Добриот витамин Д, витаминот на сонцето се синтетизира кога сме надвор на сонце. Тој е особено важен бидејќи е одговорен за подобрено расположение и појасен ум.  Витаминот Д и е потребен на секоја клетка од нашето тело, а летото е одличен период да добиете повеќе витамин Д.

Минуваме повеќе време во природа

Не постои сомнеж дека минувањето време во природа е одлично за лечење на уимот и телото. За време на зимските месеци, минувавме многу време во затворени простории и тоа придонесува да бидеме повеќе под стрес. Но, времето минато надвор и во природа придонесува за ослободување од лошите мисли и намалено лачење кортизол.