Зошто само Скопје се најде на удар на големото невреме?

Ветар, громови и 93 литри дожд на квадратен метар за само неколку часа, колку што напаѓаа во Скопје, е екстремна појава која е тешко предвидилива.

Циклонот го одмина нашиот регион и нема опасност од нови непогоди во Србија, вели за РТС метеорологот Неделко Тодоровиќ.

-Тој облак бавно се поестуваше, па падна големо количество дожд и тоа на едно место во појас од 5 до 10 километри, вели Тодоровиќ.

Прогнозата на екстремните појави е многу тешка и иако метеоролозите објавуваат метеоаларми, тие не е гаранција за долната граница на врнежите.

Освен метеоролошките услови, дополнителни проблеми при вакви непогоди создаваати несчистените канали и испусти, но и конфигурацијата на теренот.

-Скопје е во котлина, околу се планини и водата си бара пат да помине. Патем совира камења, гранки, некој автомобил, така што конфигурацијата на теренот може во голема мера да ги диктира пследиците од невремето, вели Тодоровиќ во утринска програма на РТС.

Нашиот регион е подложен на вакви екстремни непогодини, коментира тој, во зимските месеци тоа е обично во Италија и во другиоте медитерански земји, а во летните се пренесува на копно.

Неодамна во Крупањ и во Кладово се случија непогоди како оваа во Скопје.