Со оглед на тоа дека разводите се честа појава во последно време, научниците обрнуваат големо внимание на оваа тема, обидувајќи се да дојдат до причините поради кои се распаѓаат браковите.

Професорот по психологија Ели Финкел на универзитетот Нортвестерн во Илиноис тврди дека луѓето се големи идеалисти. Поточно, тој посочува дека премногу очекуваме од врските и љубовните партнери и дека е потребно да ги смалиме очекувањата доколку сакаме да се чувствуваме исполнето.

Зборувајќи за медиумите за својата нова книга „ The all-of-nothing marriage: How the best marriages work, Финкел се обидел да објасни зошто сфаќањето за бракот се променило во последните неколку години. Тој верува дека настанати се одредени промени во општеството, кога станува збор за бракот. Финкел објаснува дека покрај претпоставите дека ќе го сакаме или обожаваме својот партнер/партнерка, модерните сфаќања и културните промени довеле до очекувања дека партнерот треба да ни даде можност да се развиваме и напредуваме.

Тој смета дека често луѓето се потпираат на своите сопруги/сопрузи за да се чувствуваат поспособни и компетентни, но и поамбициозни и попривлечни, што создава голем притисок на врската. Неуморната потрага за таква иделана врска ја загрозува можноста бракот да успее на подолг рок. Финкел додава дека не е воопшто лошо да се очекува помалку од својот партнер. Тој предлага поминување на квалитетно време со парнерот, како и поголем број заеднички активности за да бидеме сигурни дека со партнерот имаме исти очекувања и мислење за врската.