Топлиот дом е веројатно една од нашите основни потреби, но не штети воопшто доколку минуваме повеќе време надвор. Всушност, тоа е неопходно за сите луѓе.

Минувањето време на сонце влијае на многу нешта, а меѓу нив и нашиот апетит и распоред на спиење. Освен тоа, тоа влијае на енергијата и расположението. Тоа е причината зошто докторите препорачуваат оние кои живеат во постудени и пооблачни места да конзумираат повеќе витамин д за да надоместат за недостатокот од сонце.

Кога нашето тело произведува повеќе витамин Д тоа значи дека ни помага да ги намалиме инфекциите и воспаленијата, го регулира имунолошкиот систем и нè прави генерално посреќни. Тоа е особено важно за здравото срце.

Затоа, посветете се да минувате повеќе време во природа, дури и ако тоа понекогаш значи и работа на компјутер. Потрудете се да го избегнете автомобилот и наместо тоа да пешачите до работа или да воведете навика барем еднаш неделно да отидете на Водно. Не дозволувајте да се убедите себеси дека тоа е премногу.

Идеално, најдобро е 45 минути во текот на денот да се минуваат во природа и тоа најдобро е да се прави наутро. На тој начин, нашето тело преку зраците на сонцето обезбедува енергија за целиот ден. Потрудете се повеќе време да минувате и пешачете низ зеленила, паркови и шуми, што ќе предизвика и намалување на хроничните болки и болести.

Да се поминува повеќе време во природа има за моќ и да нè направи посвесни и пофокусирани, наместо заглавени и изгубени во нашето мисли. Тоа помага да се релаксираме и ја зголемува нашата јасност.

Природата е и препорачана терапија за многу болни бидејќи овозможува да се дисконектираме од стресот и болката. Освен тоа, таа е одлично бегство од технологијата и придонесува за намалување на стресот и анксиозноста кои ги имаме од многуте обврски и одговорности.

Освен тоа, природата придонесува за:

 - подобрена краткотрајна меморија

 - подобра визија

 - зголемена креативност

 - ја подобрува самодовербата

Затоа, треба да се охрабриме себеси да минуваме повеќе време во природа и самите да ги увидиме здравствените бенефити кои ни ги носи природата.