Зошто пријателствата станаа толку комплицирани?

Дали нештата беа лесни кога бевме млади?

Да се биде добар пријател и да се биде добар и умешен во пријателствата се чини дека се две различни работи. Тоа го учиме низ различни ситуации.

Колку од нашите пријатели се сериозно окупирани со работа, колку  од нив започнаа заеднички живот со своите партнери и колку се остварија во улогата на родители?

Една од ставките која ги спојува сите возрасни луѓе со различни обврски се новите животни обврски и нови приоритети. Колку човекот е попосветен, толку повеќе обврски има и толку повеќе се одалечува. Барем така би било правилото, но не е секогаш така.

Проблемот настанува кога нашите пријатели (со куп обврски) не стигнуваат ниту оваа среда, ниту следниот петок ниту пак другата недела најдат време за нас. Така се чувствуваме занемарено, потполно заборавено и иако сме свесни дека тие имаат обврски, си велиме дека тоа не е во ред.  Тоа што ни поминува низ глава е реченицата дека ние не би се однесувале така. Би се обиделе да најдеме време или ако немаме време, би направиле барем напор да објасниме  и да не дозволиме тие да се чувствуваат запоставено и лошо.

Тоа што е најлошо е тоа што претходните години заедно со нив сме „трачареле“ и зборувале долго дека секогаш ќе имаме време за своите пријатели и дека нема да станеме како оние луѓе кои забораваат на својот претходен живот штом стапат во врска или брак.

Но, што се случило?

Како можат нашите пријатели да заборават на нас и да станат како оние модерни мајки, кои завртуваат нов лист и забораваат на тоа што биле, на своите претходни ставови и на зборовите кои ги кажале? Како можат да заборават на луѓето кои секогаш беа тука до нив?

Тоа што треба да го знаете е дека за некои луѓе, тие времиња се веќе завршени. Тие веќе размислуваат дека имаат нов живот во кој нема место за нештата кои ги правеле претходно. Штом нема место за нив,  нема место ни за луѓето со кои ги правеле тие нешта.

Размислете се каде е вистината? Дали е во нив или пак можеби во вас што без оглед на сè, секогаш успевате да најдете време за луѓето? Дали секогаш сакате да ги видите нив? Дали прегазувате некои свои ставови, чувства  и правите компромис? Можеби е време и вие да научите да гледате за себеси. Не морате да бидете лоши, ниту одмаздољубиви, ниту себични. Важно е своите приоритети да ги ставите на прво место, секогаш.

Обидете се да ги пуштите работите, да ги пуштите луѓето. Нека бидат дел од еден ваш живот кој можеби завршил. Не можете никогаш да терате со сила да бидат во вас. Сфатете дека можеби сте во различни фази од својот живот и дека можеби е добро да побарате добри пријатели и во луѓето со кои работите, со кои одите на јога, пливање или вежбање.