Зошто понекогаш е подобро да се има помалку и да се живее нормално?

Веројатно голем дел од нас ги минуваат неделните попладниња, мразејќи ги понеделниците и неделата која доаѓа. Секоја недела се будиме и наместо да уживаме во вториот слободен ден од викендот, се нервираме за нешто што нè чека. Ги губиме нашите минути и часови, плашејќи се од понеделникот. Исто се однесуваме и со повеќе работи од нашиот живот.

Не сакаме да одиме на работа, бидејќи секој ден ни е ист. Не сакаме да се видиме со пријателите бидејќи знаеме дека ќе се жалат за своите животи и сите нешта, така во круг. Од каде ни е сиот тој страв?

Голем дел од вината лежи во интернетот, со кој сите ние повеќе или помалку сме опседнати.

Освен што нè тера да ги мразиме понеделниците и вторниците, истовремено нè приморува да ги мразиме луѓето кои не сакаат исти нешта како и ние. Нè учи како да се организираме, нашминкаме, како да бидеме поуспешни, посреќни, како да живееме. Но, нè учи ли навистина?

Минува нашиот живот додека ги читаме сите тие мисли и поучни текстови. Минува нашиот живот додека правиме споредби со другите луѓе кои ги имаме на социјалните мрежи. Интернетот постојано ни сервира приказни за луѓе кои се успешни, прави да очајуваме и постојано да се обидуваме да се смениме.

Зошто треба да имаме помалку и да живееме нормално?

Затоа што нема да се споредуваме со нестварното, нема да мислиме дека нашите пријатели имаат подобар живот од нашиот, дека нашите бивши имаат посреќни врски од нашите. Нема да мораме да се принудуваме да јадеме здраво, да се тераме да бидеме успешни, да внимаваме.

Можеме да бидеме едноставни без да ја форсираме среќата. Можеме да бидеме најадени и расположени без да го фотографираме јадењето. Можеме да си поминеме убаво на одмор без албумите од 200 слики. Исфорсираната среќа на интернет нема да трае долго.

На крајот на денот, навистна сме единствени личности. Имаме различни гени, искуства, желби и можности. Затоа и се чувствуваме лошо кога некое правило ни се сервира како добра идеја, а тоа нам едноставно не ни одговара.