Зошто понеделник наутро на никого не му е мил?

Во понеделник наутро, се чувствуваме најнеубаво,  поради што компаниите кои продаваат производи за убавина токму тој ден најмногу ги рекламираат производите.

Првиот ден од неделата наутро никому не му е мил. Во преголема брзаница сме за да ставиме шминка како што треба, премногу заморени да одиме во фитнес центар и уште се опоравуваме од викендот.

Уште една причина поради која не го сакаме понеделникот, открива една студија, е тоа што не само што се чувствуваме најгрди, туку тој факт го користат и компаниите кои продаваат производи за нега и убавина и така заработуваат на нашата несигурност.

Студијата која ја спроведе една лондонска медиумска агенција е вршена за да се открие кога жената се чувствува најнепривлечна и како таа слаба точка би можеле да ја искористат компаниите кои продаваат производи за убавина. Жените постари од 18 години, се прашани кога се чувствуваат најнепривлечни за да се открие најсоодветното време за рекламирање. Причините најчесто се стресот, недостигот на мотивација и физички и емотивниот ефект од викендот кои се гледаат на лицето. Од друга страна, жените најдобро се чувствуваат во четвртокот, кога работната недела е при крај, а викендот е близу.

И едниот и другиот податок им е корисен на компаниите. Во некои ситуации е подобро да се влијае на можните муштерии кога се чуствуваат лошо, а во некои случаи е најдобро да се влијае на нив кога се чувствуваат среќно и со самодоверба.

Така понеделникот станува ден кога муштериите ќе бидат охрабрувани да направат нешто за повторно да бидат убави, па пораките на рекламите ќе се фокусираат на тоа како жената да се чувствува попаметна, како побрзо да се дотера и како да се организира за да постигне добри резултат. Тогаш е најдобро да се делат совети и трикови за брза корекција во шминкање и облекување.

Од друга страна во четвртокот најдобро би било да се рекламираат активности поврзани за добриот изглед, како да се облечат за викенд и каде да одат на купување.

Во четвртокот најисплатливо е да се даваат совети каде е најдобро да се оди во купување и  како да се облекува за разни активносоти за викендот.