Секогаш кога ќе отворите хороскоп, забележувате дека по правило Овенот е првиот знак од хороскопот. Но, зошто е тоа така?

Сонцето излегува и го буди животот на земјата. Ни доаѓа пролетта, ао нив и роденденот на првото излезено сонце. Да се биде роден како Овен, значи да се биде роден како победник.

Иако  Марс, владетелот на овој знак со себе носи агресивна енергија која може да биде деструктивна, токму тоа ги прави родените во овој знак победници. Овенот секогаш сака да биде прв во сè и сешто. Меѓутоа, тоа не е само натпреварувачки дух и љубов кон победата, туку и љубов кон животот. Тој владее со првата куќа на природниот хороскоп, која означува раѓање, енергија, импулс, почеток на животот.

Како прв знак на хороскопот, Овенот има совршен хороскоп. Всушност, сите куќи се природно распоредени, што значи дека на некој начин сите му служат нему. Тоа значи дека во животот на Овенот, сите нешта се одвиваат по својот природен ред.

Марс во првото поле дава силна енергија  за родените во овој знак, што го прави млад во душата, борбен, подвижен и секогаш подготвен за акција, со која ги реализира своите цели. Овенот секогаш е подготвен да го признае поразок и да ја пружи раката на подобриот од себе. Подготвен е да направи сè што е потребно за да победи, но ако не ја добие победата, тогаш достоинствено се повлекува.

Најдобрите спортисти, воини и освојувачи се родени во овој знак.

Мажите родени во овој знак се полни со енергија, спортист, авантурист, борец и војник, и тоа лојални во се што прават. Обично немаат проблеми со тежината, па често можете да ги препознаете по детските очи, насмевката, адреналинот и тн. Тие се многу коректни во семејниот живот. Обожаваат деца, и кога ќе се оженат, жената им е центар на светот.

Жената родена во овој знак на прв поглед е вистинска амазонка, која всушност е убава, нежна и емотивна дама која бара маж во вистинска смисла на зборот. Тие се одлични мајки, кои се приврзани на домот, но и кон своите родители. Тие се одлични домаќинки кои мораат да бидат остварени на сите полиња.