Сѐ додека сте живи – сѐ е можно. Сѐ додека сте живи, здрави и слободни, вие го имате изборот да се обидувате сѐ додека не успеете.

Бидете реални. Сосема е нормално да не успеете од прва при обидите да совладате нешто. За сѐ е потребно време и ќе учите од грешките. Учете од нив.

Вие сте силни. Многу посилни отколку што мислите. Неколку мали чекори наназад не се доволни за да ве спречат да ги исполните вашите цели. Ниту 10, ниту 10000 чекори наназад.

Излезете и покажете му на светот и на самите себе дека сте силни и дека никогаш не се откажувате. Вие МОЖЕТЕ и ќе го ОСТВАРИТЕ она што сакате да го остварите. Единствениот момент кога сте неуспешни е моментот кога ќе се откажете.

Верувајте во вашите соништа. Не се потценувајте себеси. Во животот ќе ви се случат многу луѓе кои ќе се обидат да ве омаловажат и да ви кажат дека тоа што го сакате е невозможно.

Дозволете луѓето кои ве сакаат и кои ви значат повеќе од сѐ на светот да бидат ваша инспирација за да издржите и да надминете се. Можеби треба да се обидете од поинаков агол, да учите или да вежбате повеќе, но не се откажувајте!

Заслужувате да бидете среќни и недозволувајте никој да ви каже нешто спротивно на тоа. Вие заслужувате среќа и успех. Чувајте го тоа во вашата глава и не се откажувајте сѐ додека не стигнете онаму каде што сакате да стигнете.

Бидете инспирација за другите. Бидете инспирација за другите со тоа што нема да прифатите откажување. Којзнае што сѐ може човек да постигне доколку не се откаже, особено ако ве има вас како инспирација.

Толку сте блиску. Често ви доаѓа да се откажете, но толку сте блиску. Еве, баш зад аголот ве чека нешто прекрасно...