Зошто никогаш не треба да престанете да и се додворувате на својата сакана?

Направете да се чувствува како таа да е единствената личност којашто ја посакувате!

Чувствата кои ги имате кога прв пат ќе почнете да излегувате со некого не можат да се споредт со ништо друго.

Цело време мислите дека е пролет, романтиката е насекаде во воздухот и околу вас гледате милион прекрасни можности за иднината. Знаете зошто? Затоа што ви се додворува сладок дечко, а и вие уште не сте му откриле дека ви се допаѓа. И тоа е прекрасно чувство, кое трае кратко.

Потоа, влегувате во врска.

Не е дека работите стануваат полоши, тие всушност стануваат подобри, затоа што развивате подлабок однос еден со друг кој може да трае многу подолго од обична романса.

Сакаме да бидеме вашите другарчиња за полноќно грицкање, сакаме да бидеме личностите на кои им пишувате за време на состаноци и сакаме да бидеме ваши најдобри пријатели.

Но, немојте да се лажете, ние се уште сакаме романтика.

Постои еден момент во секоја врска кога луѓето едноставно престануват да се трудат (ова важи и за девојките). И додека создавањето на романтична врска е работа на двајцата, жените обично не се мотивирани да бидат романтични ако не се чувствуваат посакувано.

А за жената да се чувствува посакувано, пријателе, за тоа си одговорен ти.

Твоја работа е да направиш девојката да се чувствува како да си единствениот човек кој постои на планетава Земја.

Романтиката не мора да биде тешка. Не мора да правите огромни романтични гестови за таа да се чувствува сакано.

Само обрнете и внимание, бидете грижливи и ценете ги малите моменти. Ситниците го прават животот.

И верувајте ми, ако го правите тоа, таа ќе ви возврати и тоа на најдобар можен начин.