Зошто никогаш не треба да престанете да и се додворувате на саканата жена?

Кога ќе постигнете успех: љубовен, освојувачки или кој било друг, што тогаш? Најлошото што може да го направите (а сите го правиме тоа често, во сите животни планови) е да мислите дека сте ја завршиле работата, дека сега треба да уживате во плодовите од трудот и дека понатаму се ќе се движи спонтано.

Но, го заборавате Марфи. Се она во коешто не вложувате, она со кое не управувате и околу кое не се трудите оди само по еден пат – надолу и тоа со огромна брзина. Затоа што кога ќе престанете да ја освојувате, да се трудите, да ја шармирате, да и се додворувате, тоа значи дека сте се откажале. Набргу ќе ви стане досадно и ќе почнете да барате нови предизвици за освојување и додворување.

Оние кои имале добри врски, никогаш не се откажуваат и умеат да уживаат во меѓусебното заведување и освојување. Освен тоа, долгите врски се предизвик, затоа што луѓето се менуваат и тоа што ги освоило на почеток, по одредено време не им е доволно – се појавиле другите потреби и желби, а со нив и нови начини да продолжите да освојувате.

Ако престанете да ја освојувате, ќе ја изгубите

Ако буквално не ја изгубите, затоа што што веќе не сте човекот во кој се заљубила, ќе ја изгубите емотивно. Целата страст ќе се претвори во другарство или во толерирање, а лошите страни ќе преовладаат. Ќе станете многу критични и чувствителни на ситници, наместо да бидете потолератни и сосредоточени на поважни работи кои ве поврзуваат, работи кои прават да се сакате и кои сигурно и понатаму се присутни во врската, но не доминираат затоа што се запоставени.

Љубовта бара нега и внимание

Еден од начините како да вложувате во својата врска и да ви потрае љубовта, е да се однесувате кон вашата партнерка со будно внимание и интерес.

Вие добро ја познавате, но не смеете да ја земете здраво за готово, затоа што тогаш ќе ги пропуштите моментите кога е прекрасна, како што е и обично, а ќе пропуштите и да видите како се менува и како треба да се прилагодувате на динамиката на љубовта и да и пружите нешто што дотогаш не се ценело и не се барало од вас, а да го намалите тоа што станало напорно, површно и недоволно.

Кога се зборува за рутина, се зборува токму за тоа. Досадата се создава од рутината, а рутината во врската е еден вид слепило за личноста на партнерот, која може да биде променлива, динамична и која треба да се поддржи и следи, а не да се обесхрабри и омаловажи.

Кога и се додворувате, знае дека ја сакате и почитувате

Со ставот на додворувач, оној кој често носи цвеќе или подароци, кој приредува изненадувања и покажува дека сака да поминува време со партнерката и дека сака да ја усреќи, вие и се обраќате на нејзината женственост.

А таа, нејзината женственост, сосема изворедно го разбира ова обраќање и потполно реагира на начин кој ќе ви импонира. Така во вашата партнерка го негувате тоа што највеќе ви се допаѓа, она поради кое сте се заљубиле во неа, а таа со таа нега процветува и ви возвраќа без никакви задршки. Саканата и почитувана жена е жената која е сигурна дека му е привлечна, интересна, важна и потребна на својот партнер.

Со додворувањето создавате атмосфера за добар секс

Додворувањето како генерална клима во вашиот однос, како нега на нејзината женственост и давање внимание на нејзината личност, генерално создава добра атмосфера во која не доаѓа до сексуално заситување.

Додворувањето е игра, а ако сте опуштени и имате обичај да играте, нема да бидете непретни и срамежливи кога ќе почувствувате предизвик да се впуштите во еротски игри кои не сте ги играле дотогаш, а таа со задоволство ќе ве следи и ќе ви излезе во пресрет, затоа што има доверба во вас и затоа што од вашите игри секогаш излегувала задовлна.