Зошто никогаш не ги гледаме малечките гулабчиња низ градот?

Гулабите живеат во секој голем град и дефинитивно не можете да ги утнете, тие се вистински жители и ниту еден град не може без нив. Но, да бидеме искрени: Дали можете да се сетите како изгледаат бебињата на гулабите? Ние си го поставивме истото прашање и затоа решивме да ја откриеме оваа мистерија.

Оваа мистерија во суштина излезе дека има многу едноставно и логично објаснување. Тајната лежи во тоа каде се наоѓаат гнездата на гулабите. Иако овие птици се навикнати да живеат меу нас, сепак тие избираат тајни и скриени места каде што ги градат своите гнезда за да бидат подалеку од љубопитни очи. Обично нивните гнезда се наоѓаат во празни згради, напуштени куќи, покриви или под мостови.

Гулабите се многу добри родители, тие не ги бркаат своите малечки од гнездата и им носат храна се додека не наполнат минимум 40 дена. Овој период е доволно голем за малото гулабче да порасне и да се развие и да изгледа како возрасна птица. Сепак, има начин како да откриете дека се работи за млад гулаб: тие не ги имаат зелените и виолетови пердуви околу вратот какви што имаат возрасните гулаби.