Зошто ни е важно редовното истегнување?

Истегнувањето е важно за флексибилноста, движењето и спречување на повреди. Редовното истегнување не е само рутина која може да ви помогне во текот на вежбањето, туку и е важна навика за здравјето и функционирањето на телото.

Зошто ни е важно редовното истегнување?

Оптимизам – можеби ќе ви звучи чудно ако прочитате дека истегнувањето ќе ве направи оптимисти, но треба да знаете дека насобраниот стрес кој го имате во вашето тело придонесува да се чувствувате непријатно и напнато. Таквата тензија придонесува кон негативно размислување. Гледајте на растегнувањето како на будење на вашето тело и умот. Тоа исто така го поттикнува и лачењето на ендорфини кои даваат спокој и убаво чувство.

Ја подобрува флексибилноста – најдобриот бенефит од вежбањето е истегнувањето и подобрената флексибилност. Тоа придонесува за подобри физички перформанси и значително намален ризик од повреди.

Ја зголемува издржливоста – истегнувањето на мускулите го отстранува уморот од нив и го поттикнува крвотокот. Колку повеќе вежбате, толку повеќе енергија согорувате, што често може да направи да се чувствувате заморено, особено по долги и напорни тренинзи. Со помош на истегнувањето можето да го одложите заморот кој настанува во мускулите преку осигурување на ефикасно движење на кислородот низ телото.

Ја зголемува енергијата – Понекогаш имате проблем да останете свежи и со енергија во текот на денот? Доколку тоа ви се случува, тогаш истегнувањето има моќ да им помогне на вашиот ум и тело да се разбудат и да ви даде повеќе енергија. Мускулите се стегнуваат кога сме уморни и тоа прави да се чувствуваме летаргично.

Ја подобрува циркулацијата – истегнувањето има моќ да ја придвижи крвта кон мускулите. Тоа помага во севкупното здравје, бидејќи добрата циркулација поттикнува раст на клетките и добро функционирање на органите.

Го намалува холестеролот – комбинирано со здрава исхрана, растегнувањето помага да се намали холестеролот. Холестеролот е причинител за многу срцеви заболувања.