Зошто ни е толку тешко да простиме?

За да оствариме мирен ум и хармонија во нашиот живот, најважно е да научиме да простуваме. Дури и здравствените истражувања покажале дека лутината, омразата и одмаздливоста можат да ги уништат сите аспекти од нашиот живот.

Меѓутоа, понекогаш некој ќе ни нанесе толкава болка што дури и кога ќе ѝ простиме на таа личност, сеќавањето на таа случка постојано ни се враќа во главата. Сакаме целосно да простиме, но сепак се чувствуваме беспомошно.

Како да се носиме со тие ситуации?

Вистинската прошка мора да дојде од срцето. Не почетокот можете да простите на едно површно ниво, затоа што за да дојде прошката директно од срцето, сепак е потребно време. Ако искуството било трауматично, може да пројде и многу подолго време. Но, треба да имаме желба да простиме, да ја имаме таа молитва. Бог ги разбира нашите намери и молитви, дури и ако моментално немаме сила или способност да го направиме тоа. 

Со простувањето ќе се ослободиме од отровот на омразата. Знаеме дека ако простиме и нам ќе ни биде простено. И затоа треба да  се молиме да бидеме ослободени од тој товар на омразата.

Треба да му се молиме на Бог за таа сила, треба да го замолиме да ни помогне, да се обидеме да го исчистиме нашето срце и да го побараме Бог, а тогаш помошта ќе пристигне.