Зошто некои луѓе никогаш не изневеруваат?

Здодевност, криза на средновечни години, желба за промена, одмазда – има премногу причини за изневерување. И додека научниците постојано се занимаваат со тоа зошто луѓето изневеруваат, ретко кој се запрашува зошто има луѓе кои не изневеруваат.

Токму тоа прашање го поставиле неколку израелски научници во истражување во коешто учествувале 400 луѓе помеѓу 24 и 60 години. Сите биле минимум една година во брак и имале барем по едно дете.

Излегло дека главната причина поради која луѓето не изневеруваат е моралот.

Помеѓу останатите причини се и ефектот врз децата, стравот од тоа дека ќе останат сами и последиците кои изневерувањето би можело да ги донесе за околината особено за партнерот со кого изневеруваат.

Понатаму, религиозните учесници најпрво ги истакнале моралот и грижата за другите како главни причини за верноста, додека нерелигиозните најчесто го издвојувале стравот од осаменост.

Заклучокот на научниците е дека да се биде верен е прашање на избор, односно одлуки!