Зошто не треба да се шминкате пред вежбање?

Во денешно време ако не ставите нешто на Фејсбук исто како да не сте го правеле, па затоа и многумина решаваат да се сликаат и да ги постираат сликите од теретана. Оттаму и се поголемиот тренд постојано да се биде тип-топ среден, па дури ако се работи за одење до продавница.

Ова секако и се префрли на вежбањето, па многу жени одат нашминкани со јака шминка и кога одат во теретана, на трчање, јога, пилатес, аеробик... Голем број жени одат нападно нашминкани дури и на најнапорните тренинзи.

Теретаните се претвориле во фото-студија и места за флертување, наместо за подобрување на здравјето и формата на телото. Еве зошто не треба да се шминкате пред физичка активност:

Ги запушува порите

Шминката е создадена за што подолго да остане на површината на кожата, давајќи му на лицето испеглан изглед. Кога вежбаме со шминка на лице, нашето тело произведува топлина која ја топи шминката и води кон апсорбирање на хемикалиите кои ги запушуваат порите на лицето и не и дозволува на кожата да „дише“. Запушена кожа произведува многу митесери.

Предизвикува појава на акни

Од истата причина како и погоре, се појавуваат акни, особено ако имате нежна кожа. Покрај тоа, го зголемувате ризикот и од други инфекции на кожата, слузокожата и очите.

Ја влошува целокупната состојба на кожата

Доколку веќе имате сува или масна коа, вежбањето со шминка уште повеќе ќе ја влоши ситуацијата, бидејќи шминката буквално ја заробува потта во кожата.

Ги зголемува порите на лицето

Кога порите на лицето се запушени и полни со митесери, со време доаѓа до нивно (најчесто) трајно проширување. Доколку не сакате вашето лице да се наполни со дупки, едноставно не се шминкајте пред вежбање.

Оневозможува испуштање на отровите

Слојот шминка го спречува природниот процес на регулација на температурата, потењето и испуштање на отровите од организмот и се чини дека тие штетни материи, заедно со хемикалиите од самата шминка, повторно се враќаат во кожата. На тој начин не и дозволуваме на кожата да се прочисти, а тоа е една од целите на вежбањето.

Го убрзува процесот на стареење и создавање брчки

Ако не сакате уште на 30 години да изгледате истрошено, збрчкано и старо, веднаш престанете со навиката да се шминкате пред вежбање. Со често вежбање со шминка, вашето лице со текот на времето ќе го изгуби сјајот и ќе го добие оној измачен, сивкаст, болен изглед, поради кој ќе изгледате постаро.

Зарем се ова треба да го жртвувате за пар селфиња и 50 лајкови?