Ако животот ни даваше втори шанси, мислам на вистински втори шанси, нов почеток, празна страна, гума за бришење на сите лоши работи во нашиот живот, зарем не мислите дека повторно ќе правиме нови грешки заради кои ќе сакаме нов почеток?

И ако е така, ако новиот почеток некако значи дека е само поинаков пат кон истиот живот, истиот живот кој понекогаш е тежок, а понекогаш добар, животот во кој грешките се неизбежни, зарем не треба едноставно лесно да ја искористиме втората шанса  која ја добиваме секој ден откако ќе се разбудиме, шанса која ни кажува дека сме се уште живи и дека сме способни да направиме разлика.

Се фаќам себеси како едно утро  ги запишувам овие мисли додека заедно со кафето, си ги наточував и грижите и товарите. Проаѓав низ одредена фаза во мојот живот, во која моите очи беа слепи кон се, освен кон моите несовршености, грешки и гревови.

Фаза во која моето срце беше полно со чувство на недоволност, каде сум прогонувана од каење и постојано чувство на одбивност кон работата и генерално кон себеси.

Можам да направам повеќе. Можам да бидам повеќе. Можам да растам повеќе. Ова се работи кои постојано си ги кажувам самата на себе, но некако не правам ништо во врска со тоа.

Во љубовта ги оттурнувам луѓето, водена од мислата дека не сум родена за љубов. Во работата не го давам најдоброто од себе затоа што сум водена од идејата дека сум пообична отколку се правам, дека сум поневредна. Во животот сум прва да го свртам погледот од моите соништа затоа што еднаш попуштив пред една пречка и мислам дека ќе ми се случи пак.

Се ова најверојатно се случило како резултат од некое лошо искуство во секое од овие полиња. Една работа ми донесе доволно каење за да ме спречи да се обидам повторно, друга работа успеа да ме претвори од личност која е полна со живот во личност полна со сомнежи и демони. Една работа, кој би рекол дека една работа може да промени некого толку многу!

Ова можеше да оди до бесконечност и во еден момент сфатив дека сум готова да паднам во провалија од очај, се додека не се појави еден момент кога сфатив дека целото ова кукање и потценување на моите способности едноставно ме уништува.

Сфатив дека со тоа што си го правам ова самата на себе дозволувам минатото да ме дефинира во секој сегмент од мојот живот, тргајќи од работа, завршувајќи со љубовта и мојата способност да сакам или да го прифатам фактот дека сум сакана, само затоа што се чувствувам дека не сум доволно вредна.  И така завршувам во уште полоша состојба од претходно и завршувам со уште повеќе каења.

Луѓето мора да сфатат дека лоша грешка не кажува ништо за тоа какви се како личност, ниту пак нивните проблеми, туку ние како луѓе сме дефинирани од нашиот став кон проблемите и грешките.

Само тогаш ќе можеш да преземаш мерки, да застанеш зад она во коешто веруваш, да ги заборавиш твоите грешки, но да не ги заборавиш лекциите кои произлегле од тоа. Тогаш ќе сфатиш дека најважната работа во животот е да станеш откако ќе паднеш, секој пат кога ќе паднеш, дури и кога си лежел/а на земјата предолго и мислиш дека имаш заборавено како да стоиш.

Сепак, обиди се, обиди се со се што имаш, стави ги рацете на подот и крени се повисоко од подот, потпри се на некого или на некој сон, знаејќи дека не е ништо страшно ако понекогаш се потпреш на другите и побараш нивна помош.

Само тогаш ги гледаме сите можности кои постојано ги добиваме од животот и дека со нашите стравови само ги пропуштаме. Но, сега кога ни се врати вербата во нашите соништа и во самите себе, можеме да ги користиме мудро.

Само тогаш сфаќаме дека она што е важно е на крај да застанеш на нозе, да ги оставиш грешките зад себе и да те поттикнат да направиш повеќе, да бидеш повеќе и да растеш повеќе.