Зошто не треба да ги забораваме пријателите додека сме во врска?

Во текот на целиот живот сме потполно посветени на романтичните врски, а често се случува да ги заборавиме нашите пријатели. Тие се голем дел од нашиот живот и најголемата грешка е да заборавиме на нив кога мислиме дека ни е најубаво.

Партнерот може ја знае вашата приказна, но вашите пријатели се дел од неа

Пријателите знаат дека носевте протеза во основно училиште. Тие беа вашата поддршка кога вашето срце беше скршено за прв пат. Тие ги прифаќаа сите ваши промени, беа дел од нив и ве охрабруваа. Вашиот партнер сака да дознае работи за вас, но вашата приказна беше креирана со помош на вашите пријатели.

Пријателите се вашата поддршка

Се сеќавате дека тие се вашата поддршка кога за прв пат треба да излезете на љубовен состанок, тие се ваша поддршка и кога ќе ве остават. Тие ви нудат емоционална и практична поддршка и можат да ве слушаат со часови. Тајните секогаш ги делиме со нив. Не го заборавајте тоа.

Вашиот партнер е ваш сојузник, но вашите пријатели се ваши најголеми обожаватели

Вашиот најдобар пријател секогаш е искрен со вас, бидејќи ги знае вашите карактеристики и не се плаши да ви каже искрено. Тие знаат повеќе за вас од сите други, и од нив можете да ги добиете најдобрите совети.