Зошто не смеете да претерувате со витамин Ц?

Кога е во прашање превенцијата од болести, многумина спасот го гледаат во витаминот Ц, и тоа со право, вели германскиот лекар Клаус Шефер.

Витаминот Ц ни треба за одбранбениот систем на организмот, вели тој.

Меѓутоа Шефер советува да не се земаат максимално допуштените количини на витамин Ц кои се назначени на пакувањата. Предупредува дека ризикот од долгорочно земање на максимално дозволените количини не се доволно истражени. Подобро држете се до умерената доза.

Предозирањето со витамин Ц носи штета на бубрезите. Ја зголемува киселоста на урината што може да доведе до создавање на камења во бубрезите. Избалансираната исхрана е најдобар начин да се спречи недостатокот на витамин Ц, а намирниците кои се богати се цирусното овошје, брокулата и киселата зелка.

Овошјето и зеленчукот не само што се идеален извор на витамини, туку содржат и хранливи влакна и минерали.

-Поздрави се за организмот и немаат нуспојави, нагласува лекарот.