Зошто не се пријавува семејно насилство?

Расте бројот на пријави за семејно насилство.  Се поголем е бројот на жртви кои го пријават насилството што им се случува во семејството и бараат  помош.

Семејното насилство од секогаш било присутно и можеби бројката не се зголемува, но расте бројот на  лицата кои собрале храброст да пријават дека биле жртва на член од семејството. Со околу 97%  најчестите жртви и понатаму се жените кои претрпеле насилство, мал е процентот, но има и мажи, а се почесто се јавуваат и родители малтретирани од нивните деца.

Физичкото е најчестиот облик на насилство кој се пријавува. Присутно е и психичкото, но тоа многу потешко се докажува.  Во најголемиот број на случаи насилниците се зависници од алкохол или психотропни супстанци.