Зошто не сакам да бидам во врска?

Кристи Стрикленд е самохрана мајка која живее во Глазгов, Шкотска и таа работи како политичи колумнист и аналитичар. Со таткото на својата тригодишна ќерка била шест години во врска.

Во овој момент одлучила да продолжи понатаму без него, не отишла во прегратката на друг човек, туку се вратила во својот сопствен ритам. Со поранешниот дечко останала во пријателски односи, дури понекогаш заедно одат и на одмор.

Она што највеќе ја нервира Кристи е тоа што нејзините пријател навистина не разбираат дека за неа фактот дека е сама воопшто не е проблем.

„Неодамна зборував со моја добра другарка и таа ми кажа дека се грижи поради тоа што сум сама и ми рече: „Сега си добро, тоа е очигледно, но зарем не мислиш дека во еден момент ќе посакаш да почнеш живот со некого?“ Јас не сакам. Знам дека таа има само добри намери и дека се грижи за мене, но нејзиното прашања ме изнервира“ – вели Кристи и додадава дека кога луѓето ќе ја прашаат кога ќе најде нов дечко, таа им одговара дека не сака да биде во врска во наредните 10 години. Како што вели и самата, наивно мислела дека со тие зборови ќе ги прекинат прашањата, но поради тие зборови се направил нов хаос.

Сите и велеле дека е глупаво да зборува нешто такво кога не знае дали и кога ќе запознае некој кој ќе и одговара. Кристи вели дека знае многу парови кои се во прекрасни врски и дека ниту за секунда не се сомнева во нивната љубов, но како што проаѓа времето, таа едноставно чувствува дека тоа не е нешто што го сака за себе.

Кристи вели: „Сите мои поранешни врски, дури и најдобрите, ме изложуваа на поголем стрес и емотивна исцрпеност отколку самотијата. Сфаќам дека на љубовта мора да се работи ако сакате да го делите животот со некого, но што кога тоа не вреди? Јас дури и не размислувам на тоа се додека не ме потсети на тоа некоја пријателка.

Таа вели дека не е осамена и дека има многу пријатели и дека кога сака може да се забавува. Истовремено вели дека сфаќа дека има многу поволности од животот во пар, но дека тоа не е за неа. Таа објаснува: „Статистички гледано, мали се шансите да пронајдам некого со кого би можела да си замислам заеднички живот. Во поголемиот дел од случаевите јас сум таа која е кошмар, такашто тоа уште повеќе ја намалува таа можност. И што ако погрешам? Што ако во животот на мојата ќерка доведам некој кој за неколку години ќе си отиде? Дури и да сакам врска, шансите да биде долга се навистина мали.“

Кристи додава дека ја сака својата рутина и тишината во домот, барем додека нејзината ќерка не ја пушти нејзината омилена музика. Таа го сака тоа што мора да мисли само на ќерката и себеси и тоа што некоја друга личност со своето расположение и однесување не влијае на нивната среќа, спокој и ред.

Често слуша како другите вела дека се плашат да остарат сами и признава дека и таа можеби ќе почне да се плаши од тоа. Но, одлучна е во тоа да не го измести својот живот поради стравот од иднината, затоа што денешниот ден е се што има човекот.

Моментално, четири нејзини другарки се обложуваат околу тоа дали ќе остане сама во наредните 10 години, а Кристи со насмевка вели дека лесно ќе биде да ги победи и дека веројатно никогаш повеќе нема да биде во сериозна врска.