Зошто не можеме да им одолееме на мажите Лавови?

Лавовите се топли и великодушни, но во исто време многу шармантни бидејќи се свесни за своите квалитети. Многу е тешко да му се одолее на еден Лав. Мажите родени во овој знак уживаат во покажување на љубовта и вниманието кон своите сакани, без оглед на тоа дали станува збор за мали ситници, подароци и гестови, без посебен повод.

Лавовите во суштина се среќни личности кои сакаат да ги направат и другите среќни. Со својата позитивна енеригја ги привлекуваат другите и не сакаат да губат време на песимисти. Нивното мото е : Зошто да се биде депресивен, кога животот е толку убав?

Овие мажи имаат голема доза на самодовеба и оттаму ја црпат својата моќ. Тие сакаат да бидат во центарот на внимание и да бидат окружени со многу жени кои ги обожаваат. Така, Лавот е и роден лидер и не е чудно што многумина му се обраќаат за совет и помош при решавање на проблемите. Ним тоа им доаѓа како предизвик.

Во однос на жените, Лавовите ќе го изберат сето она што е најдобро – најдобар хотел, ресторан и најубав автомобил за да ги импресионираат. Лавовите се интелигентни и вредни, па така за нив луксузот доаѓа како награда.

Во љубовта, тие се многу романтични и сензуални, а истоврмеено имаат и огромна сексуална енергија. Ако сте во врска со еден Лав, не се изненадувајте ако забележите дека понекогаш е традиционален и старомоден. Како маж, тој е полн со поддршка и лојалност, но и посветен татко. Никогаш нема да ја заборават годишницата, роденденот или друга специјална прилика.

Од друга страна пак, Лавот знае да биде многу љубоморен. Секогаш сака да биде на прво место во вашиот живот, дури и пред децата. Не сака да го дели вашето внимание и секогаш ќе изреагира ако не го храните неговото его постојано. Дури и најмал флерт со некоја друга личност може да го скрши неговото его и срце, а камоли неверство.