Зошто на мажите не смее да им недостасува витаминот Д?

Недостатокот на овој витамин може да ја згасне страста во спалната соба.

 

Податоците од најновите истражувања од Италија сугерираат дека ниското ниво на витаминот Д го зголемува ризикот од еректилна дисфункција.

Биле тестирани вкупно 143 мажи со различни степени на еректилна дисфункционалност, а резултатите покажале дека скоро половина од нив имаат недостаток на витамин Д, додека само еден од петмина имал оптимално количество од овој нутриент во организмот.

Оние со највисок степен на ерективна дисфункционалност имале 24% пониско ниво на витамин Д во организмот, за разлика од оние со послаба форма на нееректираност.

Отсуството на витаминот Д во организмот го поттикнува производството на супероксидни јони. Тие се одговорни за оштетување на азотниот оксид, молекула која им помага на крвните жили правилно да функционираат.

Азотниот оксид овозможува опуштање на крвните садови со што се зголемува протокот на крв низ телото, што пак директно влијае на нормалната ерекција.

Без потребната количина на азотен оксид, крвните садови не може правилно да се опуштат и да се испумпа онолку крв колку е потребно.

Затоа мажи, внимателно искористете го сонцето и акумулирајте повеќе од сончевиот витамин, внесете го во облик на додатен суплемент во исхраната или употребете храна и додатоци кои природно изобилуваат со витаминот Д, како риба, рибино масло и жолчка од јајце.