Зошто младите не сакаат да работат во фабрики?

Младите не сакаат да работат во текстилните или чевларските фабрики, а за овие профили учениците се помалку пројавуваат интерес.

За оваа појава алармираа неколку пати од Источна Македонија, но и другите региони во државата не се имуни. За младите овие работни места не се привлечни заради ниските плати до двесте евра, лошите услови за работа, работа за празници и викенди. Оние кои работеле во овие дејности раскажуваат и дека одморите ги користат кога обемот на работа ќе се намали, а не кога тие ќе посакаат. Младите кадри поголема сигурност  гледаат во работата во администрација или работата во странство каде се нудат повисоки примања.

Од чевларска фирма потврдуваат дека имаат вработено млади луѓе, но нивниот број е помал во однос на постарите работници. Велат дека платите во овој сектор не се високи и затоа младите не сакаат да се занимаваат со оваа работа.