Зошто младите Јапонци се најпослушните деца на светот?

Јапонија е земја на која сите и се восхитуваат од повеќе причини, а една од нив е и дисциплината. 

Карактерот на Јапонците го одушевува целиот свет. Тие се истрајни, упорни, посветени, но и емпатични личности. Исто така, познати се и по грижата кон постарите и почитта кон нив. Такви се бидејќи такви се од деца, и така растат и потоа ги учат своите деца на истото.

Децата од Јапонија се разликуваат од децата од западните држави. Тие се умерени, со добро однесување. Но, зошто е тоа така?

Тие ги ценат своите семејни врски

Блиските односи меѓу различните генерации во семејството се многу ценети, а тоа ги прави и посебни. Таа врска е базирана на емпатија и меѓусебна грижа, каква што не може да се види во другите делови од светот. Постарите личности во Јапонија се сметаат за извор на мудрости и заслужуваат посебна грижа и почит.

Голем дел до семејствата во Јапонија веруваат дека родителството треба да се базира на прифаќање, разбирање и поддршка. Подигнувањето на гласот кон децата се случува ретко, а овие родители и често го избегнуваат казнувањето. Ако детето не се однесува добро, родителите го казнуваат со поглед или гест на неодобрување. На тој начин, покажуваат дека таквото однесување е неприфатливо.

Најголема тајна е слободното време

Јапонците своето слободно време го минуваат со децата. Учењето не се смета како засебна активност, туку тоа тие го прават заедно. Ним им е многу важно да изразат силна врска со децата.

Децата растат со разбирањето дека сцените и гласното врескање не се почитува, односно дека постои ред. Тоа го смирува нивниот ум и им помага да сфатат дека нема потреба за агресивност.