Зошто мажите веќе не им приоѓаат на жените?

Саботна вечер, едно од многуте скопски кафулиња, пријатна атмосфера. Момче, во рани 20-ти, со добри манири, солиден изглед и сосема пристоен. И приоѓа на згодната блондинка, на слична возраст која провокативно игра покрај шанкот. Дечкото не знае дека таа е зафатена, излезена е со другарките. И приоѓа и и се обраќа на културен начин, без ефтини pick-up финти.

-Здраво, ја сум Оливер. Често излегуваш тука? Јас сум со моите пријатели, па... Сакав да прашам ако сакате ти и твоите пријателки да се дружите со нас?
-Бегај! БЕГАЈ!
-Во ред, постоеше многу по елегантен начин да ми го кажеш тоа...
-Тргни се!

Нормално дека девојката имаше подобар начин да му соопшти на момчето дека е зафатена, незаинтересирана... Па дури и да му дозволи безопасен флерт... Било што, освен паничен напад.
Па така, дојде до ситуацијата да во секое популарно место за излегување можете да видите група од 10-тина машки кои гледаат во под и ја лупат амбалажата од „Скопското“, додека од друга страна група соодветна на претходната, составена од жени кои гледаат во плафонот и шират енергија на недопирливи и незаинтересирани.
Во изминатиот период настана турбулентно време, да не бидеме досадни со југоносталгијата и тоа како порано имаше корзо и беше доволно да си духовит за да си фатиш девојка. Новото време со себе понесе и нови вредности. Денес жените повеќе ценат полуписмен богат маж, отколку „шворц“ дипломиран правник. Нормално, секоја бара иден хранител на нејзините идни деца... Сега е доволно само да имаш добра кола, куќа надвор од Скопје, стан во Охрид или евентуално Грција, доволно пари за викенд во некоја селендра барем еднаш во месецот и томе слично...

Не би завземал страна. Не и приоѓаш на девојка поучен од претходните катастрофални искуства... Кога тој дел ќе го пребродиш, настапуваш повторно. Воден од флоскулата „Не фаќа девојка убав, туку упорен“ се тешиш дека статистиката е на твоја страна. Ама после потрошено цело богатство на излегувања, литро и пол парфем, губење време во мрачни дискотеки, дерење на уво на некоја девојка бидејќи е галама, сфаќаш дека нема напредок.  
Решение за проблемот е однесувањето на еден мој близок пријател, кој не им приоѓа на девојките од 2009-та. Излегувањето му се состои од напивање во стилот на Владо Георгиев и одење дома да игра Икс-Бокс. Супер се чувствува...