Зошто луѓето толку често настинуваат при промена на годишните времиња?

Времињата се менуваат и се оди како по часовник: ја менуваме нашата гардероба, домот го прилагодуваме да ни биде потопол, почнуваме да ги пиеме традиционалните чаеви и одеднаш, од никаде-некаде, настинуваме.

Зошто секое ново годишно време со себе ги носи и традиционалните кашлици и затнати носови? Одговорот е едноставен: вирусите обожаваат ладно време.

Можеби делува како истиот вирус или настинка да се појавува секојпат кога се менува времето, но всушност виновникот зад нашата кашлица се менува низ годината. Кога настанува промената од зима во пролет и од лето во есен, тогаш нараспространети се настинките. Двата главни вируси позади настинката се риновирус и корона вирус и тие највеќе се распространуваат во ладна време кое се случува за време на овие временски промени.

Од друга страна, зимно време најраспространет е грипот. Начинот на кој инфлуенца вирусот се проширува му помага да се размножува и да се распространува кога воздухот е ладен и сув. Во 2008 година, истражувачите објавиле истражување во кое се вели дека кога температурите се малку над нулата, вирусот одржува надворешен слој кој е како гел и кој му помага да биде отпорен на елементите и да патува од човек на човек. Тој слој се топи на 22 степени. Ова има смисла, со оглед на тоа дека слојот мора да се стопи во вашето тело за вирусот да може да зарази здрава клетка, но исто така значи и дека вирусот е помалку заштитен на отворено кога температурата е повисока.

И со грипот и настинката, откако ќе ги фатите еднаш, најчесто потоа сте имуни на нив до крајот на сезоната, но тоа зависи и од тоа колку различни мутации се присутни.

Но, што кога настанува промена од пролет во лето? Тука е сосема поинаква ситуацијата. Новите видови полен и други алергени кои се наоѓаат во воздухот може да предизивкаат затнат нос и други проблеми со дишењето. Самото тоа може да води кон болест, бидејќи иритираните бели дробови и назални патишта се посклони кон инфекции.

Во однос на теоријата дека можете да настинете само од ладно време – тоа е чист мит. Не настинувате од ладното, туку од околностите поврзани со ладното време – сувиот воздух, контактот со други луѓе кои се болни и слично. За да се заштитите себеси, почесто миете ги рацете, имајте редовен сон и вежбање. И се разбира вакцинирајте се против грип.