Зошто луѓето ретко ме гледаат со мојот сопруг?

Додека бевме во врска, ние двајца бевме речиси нераздвојни. Бевме еден од оние парови на кои сите превртуваат со очи и ни кажуваа дека се однесуваме како сијамски близнаци. Секаде одевме заедно и ретко бевме раздвоени.

Не е дека бевме од оние луѓе кои беа зависни едни од други, туку ептен уживавме кога бевме заедно. Имавме одлична смисла за хумор и често се разбиравме само со поглед. Тој ме разбира. Се сложуваме како макарони и сирење. Денес ситуацијата е сосема поинаква. Ретко ќе ме видите во јавност со мојот сопруг. Имаме две мали деца и поедноставно е да ги делиме дневните обврски, отколку секаде да одиме како семејство. Ако имаме милион обврски во текот на денот, едниот оди во купување, другиот ги чува децата и се грижи куќата да остане на место.

Ако треба да ги носиме децата на една активности, сопругот ќе однесе синот на фудбал, а јас ќе ја носам ќерката на балет (или обратно). Многу е поедноставно кога одеднаш треба да бидеме одговорни за  едно дете и кога сме пофлексибилни кога е превозот во прашање.

Ако едниот од нас сака да излезе со пријателите, другиот сигурно ќе остане дома со децата. Дури и кога сме дома, ретко сме на ист дел од куќата. Мојот маж или ја коси тревата или поправа нешто во гаражата, а јас мијам садови, пеглам или чистам. Понекогаш делува како двајцата да сме бродови кои се разминуваат, додека се обидуваме да ги завршиме сите обврски.

Кога имате деца, тоа може да го отежне вашиот брак. Ретко кога спиеме доволно за да функционираме нормално, немаме многу време еден за друг, а и кога имаме преуморни сме да се поместиме од место, а не па да имаме секс и лесно забораваме колку сѐ уште уживаме кога сме заедно.

Одвреме-навреме ѕвездите се поклопуваат, па излегува дека никој не е болен и имаме со кого да ги оставиме децата, па тогаш излегуваме сами. Одиме во ресторан и уживаме во оброк, а никој не нѐ прекинува. Ќе се напиеме неколку пијачки и на крај сепак завршуваме купувајќи работи за дома. Дури и шопингот со мојот згоден маж е право задоволство, со оглед на тоа дека е прават реткост во последно време.

Она што е важно што и двајцата  разбираме дека се работи само за период. Гледајќи долгорочно, се работи само за мал дел од нашиот живот кој сме решиле да го поминеме заедно. Иако некогаш ни е тешко, се надевам дека кога децата доволно ќе пораснат за да можат да се грижат за себеси,  нашиот брак сѐ уште ќе биде цврст и стабилен.

А во меѓувреме, правиме сѐ што можеме за да си покажеме еден на друг колку се сакаме.