Зошто комплицираните жени ги привлекуваат најдобрите мажи?

Мислите дека сте премногу комплицирани за да најдете маж? Размислете уште еднаш!

Една жена е комплицирана со многу добра причина: да ги раздели запалените, очајни мажи со многу побарувања од едниот ман кој може навистина да ја сака, обожава и цени. Она што мажите го нарекуваат „играње игри“ е всушност несвесно тестирање од страна на жената. Толку е несвесно што таа не воопшто не сфаќа дека го прави, но го прави.

Овие тестови се можности за еден тип да покаже дека тој е вистинскиот, маж кој е посветен и фокусиран на неа и кој ќе ја заштитува, сака и ќе и биде верен.

Еве како ова изгледа во реалниот живот:

Пар оди во кино. Доцна е, надвор почнало да паѓа снег додека тие го гледале филмот. Тие дошле со различни возила и се паркирале на различни страни од паркингот и сега планираат да одат некаде на јадење.

Кога сфаќаат дека се паркирале на различни страни, тој се нуди да ја испрати до нејзиниот автомобил.

Таа вели: „Не, во ред е. Ти си паркиран на другата страна. Ќе се чекаме пред  ресторанот.“
Тој слуша: „Го ценам тоа што си доволно џентлмен да се понудиш, но можам и сама“ и затоа тој ја прегрнува и се насочува кон неговиот автомобил.

Тој само што го паднал тестот.
Иронично, таа можеби не ни сфаќа дека му дала шанса и можност да покаже дека тој е мажот кој таа го бара.

Подобар одговор би бил: „Не е проблем, плус носиш штикли на овој снег. Сакам да одам со тебе. Ќе те испратам до автомобилот и тогаш ќе се вратиме и ќе ја собереме мојата. Плус треба некој да ти помогне да го тргнеш снегот од шофершајбната.“

Не само што ќе се покажел како џентлмен, но тие би имале и можност да создадат и физичка блискост додека оделе кон рака под рака. Несвесното го поттикнува пресметувањето: „Дали ќе дозволувам овој човек да допре до мојот ум, тело и душа?“

Жената има потреба да почувствува дека мажот ја препознава нејзината потреба да биде обожавана и заштитена. Еволуираните мажи се способни за ова. Оние коишто се уште се бараат себеси – не се. Мудрата жена го чека мажот кој ги поминува овие тестови, особено оние кои несвесно ги прави.

Се додека мажот не е способен да ги препознае овие знаци и да ги помине овие тестови, тој не е способен да создаде простор кој ќе направи жената да се чувствува обожавана и бравите на нејзиното тело и срце ќе останат затворени.

Жената која се задоволува со маж кој е фундаментално фин, но паѓа на овие тестови, на крај ќе биде разочарана. Не затоа што тој нема потенцијал да биде добар партнер, туку затоа што тој се уште не е доволно зрел.

Жената која има високи стандарди е онаа којашто привлекува мажи кои се подготвени да се потрудат и да откријат како да создадат поврзаност. Неа и е гарантирано да заврши со прекрасен маж, наместо со некој кој сака само секс или има премногу барања.

nike air max 1 sale