Зошто комплицираме кога среќата е едноставна?

Некои луѓе околу нас постојано делуваат среќни и затоа често се прашуваме дали е тоа навистина така и која е нивната тајна. Вистината е дека тие успеваат да постигнат баланс во своето живеење, така што не дозволуваат негативните нешта да имаат контрола над нивниот живот.

Сепак, постојат и голем број на луѓе кои сакаат постојано да се зафатени за да заборават на проблемите. Но, тоа не е секогаш најдоброто решение бидејќи на крајот проблемите секогаш стигнуваат до нас.

Многу често живееме во состојба на негирање. Често негираме колку сме несреќни и ја негираме вистината колку се обидуваме да избегаме од тоа. Исто така, негираме колку малку време и напор вложуваме во нештата кои ни значат.

Но, добрата вест е што можеме да го смениме тоа.

Често се фокусираме на погрешните нешта, односно нештата кои  не нè прават среќни

Ова е универзална вистина за среќата и успехот: Во животот се развива само она на што обрнуваме внимание. Затоа, треба да се фокусираме на тоа што вистински ни значи, да се ослободиме од тоа што не ни носи среќа и да почувствуваме вистинска моќ дека можеме да влијаеме на нештата во нашиот живот.

Поголем дел од нас немаат потреба да бидат посреќни, ни требаат само помалку нешта

Кога нештата не додаваат никаква вредност во животот, треба да почнеме да ги тргаме од нашиот живот. Животот е поедноставен кога ќе се ослободиме од хаосот кој постои во нашиот живот и кој само ги комплицира работите.

Нашите очекувања ги уништуваат нашите убави денови

Понекогаш, доаѓаат денови кои се убави но почнуваме да размислуваме за нашите очекувања и за тоа како сакаме да биде  нашиот живот. На тој начин го уништуваме нашето расположение и си создаваме анксиозност за нештата кои сакаме да се случат.  Најголем дел од грижите не се воопшто поврзани со сегашниот момент. Размислувањето за тоа како може да биде само ни ја краде среќата и ги уништува моментите.

Старите рани немаат никаква врска со сегашниот потенцијал за среќата – дадете сè од себе за да се ослободите од чувствата за моментите кои поминале. Тоа не значи заборавање на минатото, туку само прифаќање дека нештата се случиле и ослободување од негативноста која тие ја носат.

Не е важно што се случува, туку како реагираме на тоа – да се биде позитивен и среќен не значи игнорирање на негативните работи, туку едноставно надминување на негативните нешта. Постои голема разлика меѓу тие две нешта. Најголемата пречка која мораме да ја надминеме во нашиот живот е нашиот ум.