Јас сум далеку од совршена, но дефинитивно сум совршена за тебе. Еве неколку причини зошто јас сум најдобрата девојка, а ако не можеш да го видиш тоа, тогаш навистина си смотан:

Имам одлична смисла за хумор.
Трапава сум, значи секогаш сум забавна.
Имам љубов во себе.
Одлично готвам.
Одличен слушател сум.
Никој нема да може да ме украде од тебе.
Сакам да се гушкам.
Секогаш сум искрена.
Ќе се преправам дека не ја виде згодната девојка што пројде покрај нас.
Ќе се грижам за тебе кога ќе се разболиш.
Добро масирам.
Нема да се жалам ако си играш со мојата коса.
Мразам драми, освен ако не ги гледам во театар.
Се спремам за 20 минути.
Убаво ќе изгледам во твоите маици.
Супер ќе се сложуваме.
Нашите раце одлично си одговараат.
Имаме многу заеднички работи.
Знам да делам ќебе.
Не хрчам.
Конечно ја надминав желбата цел живот да бидам сама со 20 мачки.
Никогаш нема да треба да се сомневаш во мојата љубов.