За мене нема ништо поважно од искреноста. Без неа, како може било што да биде реално и ранливо?

Ја сакам вистината затоа што сум филозоф во душа. Јас постојано размислувам и го насочувам моето внимание кон одредени ситуации. Се што ќе ми го смири умот е добродојдено.

Но, ако од некоја причина сфатам дека знаеш нешто и не ми го кажуваш, тоа мое анализирање секогаш ќе ги направи работите полоши. Затоа што за мене, тешко е да најдам каква било причина поради која не би ми кажале луѓето, освен ако не е нешто навистина лошо. И во тие моменти, моите мисли ме повредуваат повеќе од што било.

Сакам да ја знам вистината затоа што досега многупати ме лажеле. И кога тие лаги излегувале на површина, мојот свет беше урнисан до пепел.

Години подоцна, се уште се прашувам и се трудам да сфатам како и зошто се се криело од мене. Па така, ако откријам дека знаеш информација која би ми ја намалила болката или можело да ја спречи, тоа ќе ме повреди уште повеќе.

Сакам да ја знам вистината затоа што сум посилна отколку што мислиш.

Јас се имам справено со многу работи и потребно е многу за да се скршам. Тоа значи дека што и да треба да ми кажеш, можам да го поднесам и дека најверојатно сум слушнала и многу полошо.

Сакам да ја знам вистината, затоа што знам кога лажеш.

Не зборувам за ситни лаги, зборувам за лаги кои уништуваат и менуваат се.

Сакам да ја знам вистината, затоа што сакам да знам дека сум доволно важн за да ја заслужам. Ако не ми ја кажуваш вистината за да заштитиш некој друг, тогаш ми покажуваш каде се наоѓам во твојот живот.

Сакам да ја знам вистината затоа што би го направила истото и за тебе без оглед на тоа колку е тешко.

Сум била во ситуација кога сум требало да соопштам непријатна работа на личност која ми беше блиска. Дали беше забавен момент? Секако дека не. Дали се чувствував подобро откако кажав? ДА! Секако дека во првиот момент ми беше тешко што ја видов другарка ми како плаче, но на крајот се покажа дека тоа е правилната одлука.

Без оглед на се, само знај дека нема да те форсирам да ми ги кажуваш работите.

Сакам да сакаш да ми кажеш, дури и ако ми се скрши срцето и солзите паѓаат. Не сакам да ја влечам вистината од тебе. Јас не сакам да се карам и соочувам. Не сум директна. Ако не сакаш да ми кажеш – не ми кажувај, но се надевам дека ќе одлучиш поинаку.