Зошто е важно да им простуваме на другите?

Според Библијата, да се прости значи да се престане да се чувствува бес кон другата личност. Тоа значи да заборавиме, да се ослободиме и пуштиме. Исус ја користел таа мисла кога своите следбеници ги учел да се молат: Прости ни ги нашите гревови, како што и ние им простуваме на нашите грешници.

Кога некому ќе простиме значи дека не сме му веќе огорчени и веќе не размислуваме дека тој треба да плати за болката или загубата која ни е нанесена. Библијата вели: Не нанесувај зло.

Но, да се прости не значи:

 * да се толерира злото  - Библијата ги осудува оние кои ги прифаќаат лошите постапки и дела

* да се преправаме дека нешто не се случило – Бог му простил на кралот Давид за неговите сериозни грешни, но никогаш не го заштитил од последиците на неговите постапки. Дури и дал гревовите на Давид да се запишат, така што ги знаеме и денес.

* да дозволиме некому да не искористува – На пример, замислете некому да дадете пари и тој да ги потроши и никогаш да не ви ги врати како што ветил. Тоа не е простување, дури и кога и е жал на другата личност. На тој начин, на другата личност и давате можност да ве прегази повторно и да го направи истото и вам и на други личности.

Како да простувате?

* Сетете се какво олеснување носи простувањето – Простете бидејќи тоа пред се ќе ви донесе мир вам. Тоа едноставно значи да продолжите понатаму.

* Простете, но не заборавајте – Не заборавајте што направила другата личност и не и дозволувајте истото да го направи повторно.

* Покажете разбирање – Понекогаш треба да ги прифатите ненамерните грешки и да знаете дека сите ние правиме грешки. Како што ги сакаме другите и им простуваме, така и нам ќе ни биде простено.

* Бидете разумни – Обидете се да ги разберете другите, да се ставите во нивните чевли и да бидете објективни.

* Не чекајте – Не дозволувајте бесот да расте во вас, простете и заминете си.