Под површината на луѓето родени во знакот Риби се кријат чувствителни личности кои чуваат многу тајни. Тие се многу лојални и нежни личности, а за многумина треба време да го разберат тоа. Рибите се еден од најчесто неразбраните знаци.

Тие се последниот знак во хороскопот

Поради тоа што се последниот знак во хороскопот, во себе имаат карактеристики од сите 11 претходни знаци. Тие се во постојана битка меѓу тоа што го чувствуваат и тоа што треба да го направат.

Сè зависи од нивното расположение

Рибите можат премногу да анализираат или брзо да реагираат, но навистина сите нешта зависат од нивното расположение. Не е лесно да се категоризираат како интровертни или екстровертни личности.

Емпатијата е најважна за нив

Тие имаат голема емпатија во себе. Лесно се поврзуваат со другите луѓе и секогаш се првата личност на која ќе и се јавите доколку наидете на проблем или некој ве повреди. Понекогаш  се хаотични бидејќи понекогаш повеќе се грижат за чувствата на другите околу за своите, но тоа што е сигурно е нивната огромна чувствителност и преоптеретеност со чувствата.

Нивната енергија зависи од околината

Тие се многу интроспективни, но често како се однесуваат во голема мера зависи од тие околу нив. Доколку некој ги повреди, најверојатно ќе се повлечат и нема да кажат ништо. Доколку се чувствуваат почитувани, ќе имате пријател за цел живот.

Потребно им е време

Доколку мислите дека се студени, олабавете се. На Рибите им е потребно повеќе време за да ги запознаат луѓето и да се опуштат. Тоа е така бидејќи често прерано ги покажуваат чувствата искрено и луѓето го кршат нивното срце и ги повредуваат.

Комплицирани се во пријателствата и врските

Често оставаат впечаток дека се многу комплицирани, но тоа е така поради нивната претерана сензитивност. Ако им станете најдобри пријатели, веројатно ќе научите што можете да очекувате од нив, но дотогаш ќе треба да имате многу нерви за нивните чувствителни испади и коментари.