Љубов и секс
7. December 2016 - 20:16

Зошто е најдобро да се заљубите во Стрелец?

Секој знак во Зодијакот има свои добри квалитети и карактеристики, но Стрелците се особено интересни. Ако некогаш сте се двоумеле дали да започнете врска со Стрелец, веднаш да ви ги разбиеме сите сомнежи.

Зошто е најдобро да се заљубите во Стрелец? Денес ви ги наведуваме главните причини.

Тие се спонтани

Тие секогаш се многу интересни луѓе затоа што го живеат својот живот во духот на откривањето. Секогаш се подготвени да ви препорачаат возбудлива книга или да ви раскажат за некоја од своите авантури. Ако сте во врска со нив, не се изненадувајте ако постојано ненадејно ви даваат секакви идеи за патувања или интересни случувања.

Имаат одлична смисла за хумор

Ниту еден хороскопски знак нема подобра смисла за хумор од Стрелецот! Голем дел од нив имаат талент да бидат комичари, затоа што ги знаат сите шеги. Дури и кога ви зборуваат за своите незгоди, тоа го прават на начин да се изнасмеете. Секогаш ја гледаат ведрата страна на животот.

Тие се авантуристи

Тие имаат природна љубопитност и енергија за да го истражуваат сопствениот ум низ филозофски курсеви или патувања. Тие не сакаат да седат дома и да гледаат телевизија. Тие сакаат да го истражуваат светот и постојано одат на екскурзии и патувања за кои повеќето луѓе можат само да сонуваат.

Тие ја обожават слободата

Некои луѓе се посесивни и знаат да гушат, но Стрелецот тоа никогаш нема да го прави. Тие се независни и за нив слободата е многу важна. Затоа тие ќе ја почитуваат вашата потреба за приватност и ќе очекуваат и вие да ја почитувате нивната. Сепак, тие се лојални до срж. Ако имате проблем, тие го имат искуството и интелигенцијата за да ви дадат поглед или совет кој не сте го ни помислиле.

Тие се интелигентни и имаат многу интереси

Стрелците се луѓе кои интелектуално ги стимулираат останатите и се познати по тоа што имаат многу интереси. Тие се начитани и образовани. За нив учењето зема голем дел од нивната потрага по мудрост и знаење. 

Тие се забавни

Тие сакаат да смислуваат луди идеи за добро помината вечер. Ако сакате спонтаност и креативност, секој состанок со нив ќе ви биде авантура!

Тие обожаваат да патуваат

Стрелците обожаваат да истражуваат нови култури и да патуваат на далечни места. Голем дел од нив дури и наоѓаат партнери од различни држави. Тие имаат постојан копнеж кој прави да бидат немирни и да не ги држи место. Нивната љубопитност и самоувереност ги прави најдобри сопатници!

Тие се искрени и доверливи

Освен ако навистина ја сакате вистината и ништо помалку од тоа, не ги прашувајте Стрелците за мислење. Тие ја ценат искреноста, тие ќе ви кажат искрено што мислат и тоа без да заобиколуваат.

Не се плашат да го искажат своето мислење и затоа можете да се потпрете на нив дека секогаш ќе ви ја кажуваат вистината!

Тие се позитивни оптимисти

Стрелците се непоправливи оптимисти и секогаш сметаат дека чашата е полу-полна, дури и во најлошите моменти.

Нивната позитивна природа им носи среќа, бидејќи привекуваат луѓе кои им помагаат и кои им носат можности во животот. Тие го ценат пријателството и љубовта и нивната дарежливост значи дека секогаш можете да сметате дека ќе ви помогнат да станете кога ќе ви тргне надолу во животот. 

Тие се одлични љубовници

Стрелците се познати по нивната нескротлива енергија. Тие се страствени и често ја канализираат својата енергија низ нивната сексуалност. Тие можат да бидат и шармантни и заводливи, особено кога се во врска.

Голем дел од нив имат речиси ненаситен сексуален порив поради кој тие бараат различни сексуални авантури за забава и авантура. Тие толку ја сакаат слободата, што понекогаш може да им е тешко да се смират. Но, кога конечно ќе се смират, нивниот смисол за морал и интегритет прави да бидат верни партнери.