Зошто е добро да се туширате навечер?

Причината зошто е добро туширањето навечер нема врска со хигиената, иако тоа е неговата примарна намена, да се исчисти телото од нечистотија што инаку ќе се впие во кожата и ќе ги затвори порите.

Турширањето пред спиење е одличен метод да се справите со несоницата, а и полесно да заспиете после долгиот работен ден. Меѓутоа, ова е делотворно само ако се истуширате час и половина пред планираното време за легнување.

Туширањето непосредно пред спиење не е добра идеја бидејќи на тој начин ќе го загреете телото, а неговото ладење е знак дека е време за спиење и одмор.

90 минути од туширањето до легнувањето за спиење се доволни за да може телото да ги регулира сите процеси и сигнали што ќе му укажат дека е време за одмор.